Меѓу нив има дури 46 години разлика, а една работа него најмногу го загрижива кога е нивниот брак во прашање!

Сподели со своите пријатели

Холивудската легенда, 96-годишниот актер Дик Ван Дајк, минатиот месец ја прослави 10-годишнината од бракот со сопругата Арлин Силвер, а неодамна откри колку е искрено загрижен поради тоа што јавноста ја коментира неговата венчавка со многу помлада жена.

Loading...

Тој имал 86 години кога се венчале, а се плашел дека многумина ќе речат дека се омажила за него само за пари. Сепак, никој досега не го коментирал тоа, пренесува Daily Mial.

Во новото интервју тој изјави дека Арлин е одговорна за неговото здравје во последните години, но и за тоа што изгледа многу помладо отколку што навистина е. “Имаме ист став за животот. Таа сака да танцува и пее и тоа е нешто што го правиме секој ден. Вистинско освежување беше во мојот живот”, коментирал актерот.

 

 

Арлин имаше само убави зборови за својот сопруг. “Тој е најсовршеното суштество. Никогаш не сум сретнала личност која е толку среќна, толку убава и толку драга”, коментирала таа.

Дик и Арлин се запознале во 2005 година кога таа работела како шминкер на доделувањето на SAG Awards, а таа признала дека неговата заразна и блескава насмевка ја привлекла на прв поглед.

Loading...

 

 

“Се сеќавам дека го видов Дик на масата, имаше машна и широка насмевка. Само што седнав на неговото место, тој одеднаш се појави до мене и ми рече – Здраво, јас сум Дик. Првата работа што ја го праша дали глуми во Marry Poppins “, се присети Арлин во интервју за The Huffington Post.

Во текот на кариерата долга повеќе од 70 години, Дик има освоено пет Еми награди, награда Тони, Греми награда, БАФТА награда и награда за животно дело SAG и е примен во Телевизиската Куќа на славните. Тој ги имаше најзначајните улоги како Роб Петри во шоуто на Дик Ван Дајк, Новото шоу на Дик Ван Дајк и шоуто на Керол Барнет.

 

 

Loading...

 

Дик е горд татко на четири деца, синовите Бери и Кристина и ќерките Стејси и Кери, кои ги имаше во првиот брак со Марги Вилет, кој траеше од 1948 до 1984 година, и може да се пофали со пет внуци и четири правнуци.