Мегапроект на НАТО: На Балканот се гради најголемата воена база во Европа, ќе чини милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Во Романија започна изградбата на најголемата база на НАТО во Европа, пренесува Euronews.

Станува збор за мегапроект вреден дури 2,5 милијарди долари, а големата база ќе се простира на дури 2.800 хектари.

Според Euronews, тоа всушност ќе биде проширување на постојната база на романските воздухопловни сили, Михаил Когалничеану.

За трупите и воената опрема на НАТО да имаат апсолутно се што им треба, ќе се прошират и изградат нови писти, хангари за авиони и хеликоптери, голем број магацини за оружје, гориво и сета можна опрема, а ќе се изградат и нови училишта за потребите на самите војници и нивните семејства, градинки, продавници и болница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тајланд: Бројот на жртви од поплавите се искачи на 145

НАТО одлучи значително да го зголеми своето присуство во Источна Европа откако Русија ја започна инвазијата на Украина на 22 февруари 2022 година.

Покрај тоа, две нови европски членки – Шведска и Финска – се приклучија на алијансата во изминатите две години.

Така, една од декларираните цели на Москва и на претседателот Путин – да го турнат НАТО што подалеку од руските граници – всушност не успеа.

Имено, Романија е сосед на Украина и Молдавија (во која одметничката покраина Придњестровје сака да се приклучи на Русија), додека Финска дели граница со Русија од дури 1.300 километри – пред тоа вкупната граница на Русија со членките на НАТО изнесуваше – 125 километри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО: Неплодноста е занемарен предизвик за јавното здравје