Медведев за Шолц, Макрон и Драги: Одат во Киев да се налеат со вотка

Сподели со своите пријатели

Поранешниот руски претседател и премиер, а сега заменик претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, на Твитер ја критикуваше посетата на францускиот претседател, германскиот канцелар и италијанскиот премиер на Украина со расистички навреди во врска со стереотипите за кујните на три земји од ЕУ.

Loading...

„Европските љубители на жаби, колбаси и шпагети сакаат да го посетуваат Киев“, рече Медведев.

Медведев проценува дека лидерите на ЕУ ќе и ветат на Украина членство во Унијата и стари хаубици, ќе се „истурат“ со хорил (украинска вотка) и ќе си одат дома со воз, „како пред 100 години“.

„Се е во ред. Сепак, тоа нема да ја приближи Украина до мирот. Часовникот отчукува“, заклучува поранешниот руски претседател.