Медведев во Пекинг му ја пренесе пораката од Путин на Си Џинпинг

Сподели со своите пријатели

Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев во Пекинг се сретна со кинескиот лидер Си Џинпинг, соопшти Советот за безбедност.

Loading...

Во соопштението се наведува дека Медведев на кинескиот лидер му пренел порака од рускиот претседател Владимир Путин.

Во соопштението се нагласува дека пораката укажува на невидено ниво на дијалог и соработка меѓу двете земји и изразена увереност во натамошниот развој на меѓудржавните односи.

Медведев му честиташе на Си Џинпинг за неговиот реизбор за кинески лидер и истакна дека разговарале за прашањата за соработката меѓу партијата Единствена Русија и Комунистичката партија на Кина, како и меѓународните прашања, како што е конфликтот во Украина.

„Разговорите со Си Џинпинг беа многу корисни“, нагласи Медведев.