Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, на Телеграм го коментираше трговскиот договор што го потпиша ЕУ со Америка.
Во текстот „Трамп ја разгали Европа“, Медведев вели дека таков договор е целосно антируски по природа.
„Мора да се признае дека, и покрај неговите екстремни противречности во неговите изјави и постапки, Доналд Трамп е доста доследен во едно нешто – тој брутално ги турка економските интереси на својата земја.
Сегашниот „договор“ со Европската Унија:
– е целосно понижувачки за Европејците, бидејќи ги користи само САД – ја отстранува заштитата на европскиот пазар и ги прави тарифите за американските стоки бесмислени
– создава огромни дополнителни трошоци за индустријата и земјоделството во многу земји од ЕУ поради плаќањето на скапи американски енергетски производи
– пренасочува моќен тек на инвестиции од Европа кон САД
И секако, „договорот“ има изразито антируска природа, бидејќи забранува купување на нашата нафта и гас.
Но, додека за Трамп тоа е пред сè бизнис, за една изнемоштена старица по име Европа – тоа е дел од неонацистичката идеологија која ја напаѓа благосостојбата на сопствените граѓани.
Може да се изрази само сочувство кон обичните Европејци. Најдоброто нешто за нив сега би било да започнат напад врз Брисел, со цел да ги обесат сите комесари на ЕУ на јарболите на земјите од ЕУ – вклучувајќи ги, секако, и лута баба Урсула. Нема да помогне, секако, но барем ќе биде забавно“, објави Медведев.