Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ги обвини САД дека водат посредничка војна против Русија, откако Претставничкиот дом го одобри пакетот помош од 40 милијарди долари за Украина.
Гаспром: Нарачките од ЕУ за руски гас паднаа на 72 милиони кубни метри
Пишувајќи на Телеграм, Медведев рече дека американската економија ќе страда и дека нацрт-законот усвоен од Претставничкиот дом е обид „да и се нанесе сериозен пораз на Русија и да се ограничи нејзиниот економски развој и политичкото влијание во светот“, рече тој, пренесува Гардијан.
Гаспром: Нарачките од ЕУ за руски гас паднаа на 72 милиони кубни метри
Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност откако поднесе оставка како премиер во јануари 2020 година, е лојален поддржувач на Владимир Путин.