Рускиот тенисер Данил Медведев го победи Австриецот Доминик Тим во финалето на АТП завршниот турнир во Лондон.
Loading...
Во меч што траеше 2 часа и 42 минути Медведев до трофејот стигна по 2-1 во сетови (4:6, 7:6 и 6:4).
Русинот направи 12 аса и три двојни грешки. Австриецот шест аса и една двојна грешка.
Медведев стана вториот Русин во историјата кој победил на завршниот турнир на АТП. Претходно тоа му успеа на Николај Давиденко во 2009 година.
Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 5,7 милиони долари.
Зоран Стерјовски