Медведев: Околу 450.000 луѓе потпишаа договор за служење војска во 2024 година

Сподели со своите пријатели

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев денеска изјави дека во 2024 година околу 450.000 луѓе потпишале договори за воена служба со руското Министерство за одбрана.

Loading...

Тој исто така рече дека повеќе од 40.000 Руси се приклучиле на волонтерски формации и отишле во зоната на „специјалната воена операција“ во Украина, пренесе Интерфакс.

Медведев нагласи дека целта што ја постави рускиот претседател Владимир Путин за минатата година е исполнета и дека во просек повеќе од илјада луѓе дневно потпишуваат договори во текот на 2024 година, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека планот за 2025 година е поставен со цел „да се одржи сегашниот моментум во ангажирањето на војници со договор“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Москва: Франција ја подготвува армијата за конфликт со Русија