Медведев најави ново оружје на спорните Курилски острови

Сподели со своите пријатели

Потпретседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека Москва ќе распореди ново оружје на Курилските острови, кои се во центарот на територијалниот спор со Јапонија.

Loading...

Медведев рече дека Русија не е против потпишување мировен договор со Јапонија, но само доколку Токио повеќе не го оспорува статусот на островот, пренесе ТАСС.

Русија и Јапонија никогаш не потпишаа мировен договор со кој формално заврши конфликтот меѓу двете земји во Втората светска војна.

Курилските острови, кои Јапонија ги нарекува Северни територии, остануваат главен камен на сопнување меѓу двете страни.