Медведев: Америка и НАТО објавија војна на Русија

Сподели со своите пријатели

Високи руски претставници денеска продолжија да ги обвинуваат САД и Западот за одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да го суспендира договорот за контрола на нуклеарното оружје Нов СТАРТ.

Loading...

Одлуката допрва треба да биде потврдена од рускиот парламент, но никој не се сомнева дека тоа ќе се случи.

Поранешниот претседател на Русија и близок соработник на Путин, Дмитриј Медведев, кој моментално е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, вели дека потегот е задоцнет бидејќи, како што тврди, САД и НАТО практично и објавиле војна на Русија.

„Оваа одлука ќе има огромно влијание во светот“

„Бевме принудени да ја донесеме оваа одлука поради војната што Америка и другите членки на НАТО и ја објавија на нашата земја. Оваа одлука ќе има огромно влијание во светот, особено во САД“, објави Медведев на својот канал Телеграм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и Ерменија потпишаа договор за соработка, дистанцирање од Русија

И шефот на руската Дума, долниот дом на парламентот, исто така ги обвини САД дека Русија го суспендира договорот.

„Америка одбива да дејствува во согласност со своите обврски, а исто така ги отфрли предлозите на нашата земја за глобалните безбедносни прашања. Со тоа таа ја уништи архитектурата на меѓународната стабилност“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин, пренесува Индекс.