Медуза голема колку човек снимена на дното од океанот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Џиновска медуза забележана е во близина на брегот на англиската грофофија Корнвол, јавува ВВС.

Loading...

Нуркачите од организацијата „Wild Ocean Week“ снимиле огромна медуза под името „морски бели дробови“ (Rhizostoma pulmo) во текот на нуркачка експедиција близу брегот на градот Фолмаут.

Биологот Лизи Дели рекла дека ова е необично суштество кое било големо како нејзиното тело.

Ова е најголемиот вид медузи кои ги има во британските води, со просечен пречник од околу 40 сантиметри, додава ВВС.

фото: Twitter printscreen

Leave a Reply