Поголемиот дел од медиумите во Русија се под државна контрола, што на некој начин го објаснува фактот што повеќето телевизиски канали во земјата ја претставуваат инвазијата на Москва во Украина како чин на самоодбрана, чија единствена цел е елиминирање на украинската армија.
Многу канали емитуваат соопштение од Министерството за одбрана, во кое се нагласува дека против локациите на украинската војска се користи „високопрецизно оружје“, без да се закануваат цивили, пренесува Би-би-си.
Официјалната државна телевизија „Русија 1“ почна да ја пренесува веста со реченицата: „Денес Русија започна специјална воена операција чија цел е да ги заштити луѓето кои осум години беа предмет на злоупотреба и геноцид на режимот во Киев“.
Во исто време, неколку медиуми емитуваа и анкети од бунтовничките региони во источна Украина, со очигледно среќни локални жители.
Телевизијата Русија 24 емитуваше анкета со двајца граѓани.
„Ова е прекрасно. Нема други зборови за да се опише ова“, рече еден човек.
„Навистина сум среќна. Ова го чекавме осум години“, рекла друга жена.