Согласно изборниот законик и измените договорени во Пржино до почетокот на кампањата кандидатите кои ги потврди ДИК нема да може да се појавуваат во медиумите, да промовираат мерки, да искажуваат ставови, а партиите нема смеат да одржуваат конвенции и пресови на кои ќе ги промовираат своите кандидати и да испраќаат политички пораки.
Бидејќи ќе се смета за предвремено почната кампања, која се санкционира со казни и плаќање глоба. Според изборниот законик во член 69А стои дека за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.
Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.