МЕДИТЕРАНОТ ВО ПЛАМЕН: Четири објаснувања зошто Европа е во канџите на пожарите!

Сподели со своите пријатели

Иако стигнавме до средината на летото, пожарите што избија на Балканот, Италија и југоисточниот Медитеран веќе го надминаа годишниот просек.

Loading...

Во изминатиот месец, шумски пожари ја зафатија јужна Европа. Без оглед на тоа дали првата искра е создадена природно – од гром или од намерно од човек, нема сомнение дека големата топлина и сушата влијаеле на огнот.

Научниците велат дека климатските промени се клучен двигател на уште една сезона на екстремни пожари.

 

 

Зошто Медитеранот е толку подложен на пожари?

Летните пожари се природен феномен во медитеранските шуми. Пожарот, освен што уништува се што е пред него, може да поттикне и обнова на биолошката разновидност, тврдат научниците.

Loading...

Петте земји кои најчесто гаснат пожари се Шпанија, Франција, Португалија, Италија и Грција. Според ЕЕА (Европска агенција за животна средина) во 1980 -тите, во целиот регион биле развиени стратегии за превенција од пожари кои го намалија бројот на пожари и нивниот интензитет.

Меѓутоа, по 2016 година, пожарите станаа многу побројни и поразителни. Тие ја опфатија областа што се протегаше од Турција до Шпанија и однесе стотици животи, предизвикувајќи штета дури и во Централна и Северна Европа.

Ваквите катастрофални пожари се неизбежно поврзани со екстремни суши и топлотни бранови.

Што предизвикува толку многу пожари?

Јули оваа година е вториот најтопол јули во Европа некогаш забележан, и трет на глобално ниво.

Грција и Турција беа погодени од најсилниот топлотен бран во последните 30 години. Екстремната топлина е најголемиот виновник.

До 5 август оваа година, 55 проценти повеќе територии беа зафатени од пожари во Европа отколку просекот во последната деценија. Во Турција, избувнаа 200 шумски пожари за една недела, принудувајќи многу жители и туристи да се евакуираат.

 

Loading...

 

Иако технологијата напредува, во некои области природата е повеќе заштитена од луѓе отколку од пожари, што јасно се гледа во примерот на пожарот што избувна на 1 август во борова шума во италијанскиот град Пескара.

Оваа област е заштитен шумски резерват и нејзиното земјиште и грмушки не се редовно расчистувани. „Грмушката брзо изгоре“, рече градоначалникот Карло Маши.

Во други области, техниките за управување со шумите се застарени и влијанието на глобалното затоплување врз запаливоста не се зема предвид. Пример за ова се предградијата на Атина што се запалија оваа недела.

– Во повеќето региони на Медитеранот, начинот на управување со шумските пожари не е прилагоден на актуелните глобални промени, туку се фокусира на самота гаснење пожари – напишаа авторите на студијата од 2021 година на тема „Разбирање на промените во пожарите во јужна Европа“.

Каква врска има климата со пожарите?

Глобалното затоплување го зголемува ризикот од пожари низ целата планета – што може да се заклучи од огромните пожари во Австралија и Калифорнија, дури и во области кои обично не се подложни на пожари.

Loading...

 

 

Тековните рекордни суши и топлотни бранови на многу начини потсетуваат на оние во 2018 година, кога, како што вели ЕЕА, „повеќе земји од кога било досега претрпеле пожари“. Таа година, повеќе од 100 луѓе загинаа во пожарите во Атика во Грција, што е втор најсмртоносен пожар на векот, по „црната сабота“ од 2009 година во Австралија.

Емисијата на јаглерод не се намалува доволно брзо како што беше договорено во договорите како што се Европските зелени спогодби и Парискиот договор за климата, и затоа „повеќето европски земји предвидуваат проширување на областите изложени на пожари, но и подолги сезони на пожар“, според ЕЕА.

Климатски научник во Хелмхолц центарот за истражување на океанот, Модиб Латиф, за Дојче веле вели дека „додека глобалните емисии на јаглерод се зголемија за 60 проценти од 1990 година, се зборува само за планови и цели, но ништо не се прави“.

Loading...

Кои се климатските последици од пожарот?

На глобално ниво, како што објави климатската група Карбон Бриф, пожарите се причина за големи количини на емисии на стакленички гасови, како и 5 до 8 проценти од 3,3 милиони предвремени смртни случаи поради слабиот квалитет на воздухот.

Сепак, факт е дека поради подобрената заштита од пожари, тој број опаѓа во последните неколку децении.

Уништувањето на пожарите има далекусежни последици отколку емисиите на јаглерод. Особено кога шумите горат толку многу што природата повеќе не може да се обнови.

Ако силните пожари уништат значителна област европски шуми ова лето, последиците би можеле да бидат уште поразителни за климата на нашата планета.

Loading...

 

Leave a Reply