Медицинска сестра тврди дека поради вакцината станала магнет: Ја исмева цел Твитер (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Многу корисници на ТикТок објавија видеа во последниве денови, во кои се тврди дека вакцината против коронавирусот ги „магнетизирала“.

Loading...

Медицинската сестра Џоана Оверхолт од Охајо е една од нив.

Таа дури го изнесе и своето тврдење пред Министерството за здравство, и се обиде да го докаже тоа со доближување клуч на вратот.

„Можете ли да го објасните ова?“ ги праша присутните на очигледно неуспешната демонстрација.

 

Ниту еден од предметите што ги ставила не се задржал на неа и веднаш паднале, но кога првпат го залепила клучот за градите, тој застанал кратко.

Ова, пишува BuzzFeed, се случило затоа што човечкото тело лачи себум и пот, така што кожата е леплива и предметите можат на кратко да се држат на неа.

Loading...

Важно е да се нагласи дека огромното мнозинство на клучеви денес не може да ги привлече магнет, бидејќи тие се претежно направени од алуминиум.

Во одбрана на Оверхолт веднаш застана добро познатата анти-ваксерка Шери Тенпени, која тврди дека „долго време се сомневала дека постои досега неопределена врска помеѓу вакцините и мрежните 5G предаватели“.

Сепак, Твитерџиите не дозволија нивните тврдења да одат под радарот и ги исмеваат веќе со денови.

„Дами и господа, овој молив е наводно направен од дрво, но ако го држам опуштен меѓу прстите и го поместувам горе-долу, се чини дека е направен од гума. Можете ли да го објасните тоа?” напиша еден твитерџија.

 

„Сето ова е само забавно додека не сфатите дека вакцината може да го магнетизира алуминиумот“, додаде друг.

 

Loading...

„Неверојатно е што во еден момент од нејзиниот живот, оваа жена била доволно паметна за да заврши напорно школување за медицинска сестра“, напиша еден.

 

„Докторе, можете ли да објасните зошто имам магнетни својства по вакцинирањето? напиша еден твитерџија.

 

Leave a Reply