Ешли Барнс, медицинска сестра од Манчестер, јавно проговори за стресот што го доживува поради пандемијата на коронавирус и последиците што ги остави врз нејзиното тело.
35-годишната сестра 12 години работи како здравствена работничка, но никогаш не и било толку тешко како последните две години.
Поради долгите смени, спасувањето пациенти и стресот предизвикан од појавата на коронавирусот, Ешли почнала да ја губи косата толку многу што на крајот морала да купи перика.

„Имав густа и долга коса, повремено бев дури и модел за фризури. Беше во одлична состојба и една од моите омилени работи во мојот физички изглед. На крајот ја изгубив”, изјави таа за The Sun.
Покрај пандемијата, таа доживеала и голем стрес поради разводот кој траел седум години.
„Разводот беше многу тежок, а набргу потоа почнав да забележувам дека косата ми станува поретка и дека многу влакна остануваа на четката кога ја средував косата. Мислев дека тоа е токму таков период“.
Таа отишла на фризер за стручно мислење, а косата одбила да ја фарба бидејќи била премногу оштетена и оваа процедура можела само да ја влоши состојбата.

„Бев тажна затоа што отсекогаш имав руса коса, а сега веќе не можев да го правам тоа. Одвреме-навреме се враќав во салонот и прашував дали мојата коса е подобра, но никогаш не добив потврден одговор, туку напротив, само се влошуваше“.
Со оглед на тоа што косата сè уште и опаѓа, Ешли заклучила дека сето тоа е резултат на стресот кој не престанал дури и тогаш, бидејќи таа штотуку била во процес на купување и уредување на сопствената куќа.
„Покрај физичките последици, сè ме уништи психички. Не мислев дека ќе ја загубам косата поради се што се случува. Ја сакам мојата работа, но не ни е лесно. Се трудите да и пружите најдобра можна нега сите пациенти…“
Почнала да носи шалови и разни покривки, а луѓето мислеле дека се бори со тешка болест и дека сето тоа се должи на хемотерапијата.

Потрошила многу пари на шампони, масла, третмани за раст на косата… Ја променила исхраната и почнала да зема разни витамини, оние специјалните за коса и конечно почнала да ги забележува резултатите.
Во меѓувреме купила и перика за да ги замени шаловите и турбаните. Иако нејзината коса не е целосно како порано, Ешли е многу подобра.
„Полека се враќам во нормала. Се чувствувам подобро, повеќе се дружам со пријателите, работам на себе… Иако губењето на косата целосно ме уништи, сакам да си ја вратам самодовербата”.

