Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денес ќе ги одликува Единицата за специјални задачи и Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија со „Орден за воени заслуги“.
Иванов посмртно со „Медал за храброст“ ќе ги одликува осумтемина загинати припадници на безбедносните сили на МВР на 9 мај 2015 година, при антитерористичката операција во Куманово.
Единицата за специјални задачи и Единицата за брзо распоредување при МВР се одликуваат со „Орден за воени заслуги“ за особени заслуги и за исклучителен придонес за зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за зацврстувањето на националната безбедност и сигурноста на македонските граѓани – стои во соопштението од Кабинетот на Иванов.
Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ посмртно се одликуваат со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, загинати како припадници на безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи.