Главата може да ве боли од стрес, замор, вирусна инфекција, повреда, несоница, проблеми со заби и од низа други причини. Во тој случај секако е најдобро да посегнете кон природни лекови, отколку таблетите. Стариот народен лек за главоболка има три состојки: мед, лук и бибер.
Третмани за ублажување на тегобите со лук потекнуваат уште од стар Египет и древна Грција. Медот е познат по своите антисептички својства. Со комбинација од тие две намирници со додавање бибер во зрно ќе добиете силен лек кој нема да остава штетни последици врз организмот, како таблетите против болки.
Состојки
-
10 главички лук
-
500 грама мед
-
неколку зрна бибер
Подготовка
Исчистете го лукот, преполовете го секое чешниче во тогле и додајте бибер па сипете мед. Заворете ја теглата и оставете ја да отстои пет дена. Земајде по една лажица секој пат кога ќе пучувствувате дека започнува да ве боли глава.
Лекот можете да го земате независно од главоболката, за јакнење на имунитетот. Во тој случај земајте една лажичка наутро и една навечер на празен желудник. Вака „зачинетиот“ мед ги неутрализира бактериите во грлото, потикнува и олеснува варење, го регулира нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок.
Loading...