Мечки влетале на преполна плажа, се однесувале припитомено како кучиња и се бањале во водата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Голема возрасна кафеава мечка со своите три мечиња ја посетиле плажата на Јужното езеро Тахо, кои трчале и играле во вода зачудувајќи ги сите присутни.

Loading...

Младеите мечиња среќно се бореле во езерото бегајќи од високите температури, кои беа над 30 степени тој ден.

Четири мечки – заедно со неколку диви гуски – го поминале денот на езерото, оставајќи впечаток на спонтан ден во зоолошката градина.

„Сите бевме малку шокирани“, рече Џен Воткинс, која ги сними мечките. Таа рече дека мечката однела нечија фрижидер торба кога се враќала во шумата.

 

 

Властите од канцеларијата на шерифот во округот Пласер предупредија дека приоѓањето кон мечките е „многу опасно“.

Loading...

„Ние сме на нивна територија кога сме горе во подножјето и во Сиера [Невада]“, рече поручникот Нелсон Ресендес. „Не ги храни, не предизвикувај ги и што е најважно – не им приоѓај … почитувај го нивниот простор“.

Утврдено е дека се поголем број мечки во Сиера, Невада страдаат од енцефалитис, воспаление на мозокот што ги тера да се однесуваат како кучиња, без страв од луѓе. Од март 2020 година, болеста е потврдена кај најмалку четири мечки во Калифорнија.

Официјални лица од Одделот за риболов и диви животни во округот Пласер ќе ги следат кафеавите мечки и ќе ги преместат сите мечки што лутаат меѓу луѓето.

 

Leave a Reply