МЕЧКА УСМРТИ ЖЕНА: Со денови никој не ја видел старицата, кога полицијата дошла…

Сподели со своите пријатели

Првиот фатален напад од црна мечка се случил на крајот на 2023 година во Калифорнија, кога влегла во домот на 71-годишната Патриша Милер и ја убила, потврди оваа недела државниот Оддел за риби и диви животни.

Loading...

Немилиот настан е снимен во Сиера Невада и ова е прв регистриран фатален напад од ова животно.

Заменик на шерифот на округот Сиера Невада го пронашол телото на Патриша Милер во нејзиниот дом во Даунивил во ноември, откако таа не била видена неколку дена.

„Кога полицијата пристигна во домот, видела скршена врата и измет од мечка на тремот“, рече Мајк Фишер, шериф на округот.

На почетокот, властите верувале дека Милер умрела од природна смрт, а ппотоа ја пронашла мечка.

Сепак, патологот утврдил дека Милер била жива при нападот, пишува Гардијан.

Мечката подоцна била заробена и успиена, а властите прво со ДНК анализа потврдиле дали таа е одговорна за нападот.

Овој регион долго време има проблем со мечките кои претураат по куќи и дворови во потрага по храна.

Loading...

Ќерката на Патриша рече дека мечките често се обидувале да влезат низ скршените прозорци, а нејзината мајка физички удрила една од нив за да ја спречи да влезе во куќата.

Шерифот рече дека домот на 71-годишната жена е донекаде атрактивна дестинација за мечките бидејќи таа хранела мачки на предниот трем од домот.