Жена во Словенија е тешко повредена откако била нападната од мечка на работ на шума во близина на Шкофљица.
Според 24ur, жената е пренесена во Љубљанскиот клинички центар, а нејзиниот живот е во опасност.
Надлежните служби на Министерството за природни ресурси и простор биле известени за нападот.
Во поширокото подрачје на Шкофљица, полицијата спроведува активности во рамките на своите овластувања за заштита на луѓето.
Други надлежни служби, исто така, ги спроведуваат своите активности.
„Им советуваме на сите граѓани да избегнуваат одење во шумски области во поширокото подрачје на Шкофљица. Доколку влезат во шумата, нека бидат исклучително внимателни и нека внимаваат на сопствената безбедност“, велат од локалната полиција.
Доколку некој забележи мечка, не смее да ѝ се приближува или да ја вознемирува.
Треба да се движите полека, без ненадејни движења и без викање, за да не се чувствува загрозена мечката и да почне да се брани.
Средбите со мечката и нејзините младенчиња можат да завршат непријатно ако некој што шета ја изненади мечката, која потоа нема време ниту простор да се повлече.