Иако Стрелците важат за лица кои не се врзуваат и уживаат во својата комфорна зона, познати се како најсебичните припадници на Зодијакот. Тие всушност ја губат главата, кога по многу авантури, конечно ќе сретнат личност на својот живот. Кога еднаш ќе ја запознаат љубовта, подготвени се да направат се поради неа.
Иако не се фаталисти и не се вљубуваат лесно, Стрелците целосно губат глава при средба со првата љубов. По многубројните авантури, кои ги испробале во текот на животот, тие се изморуваат и потрошат и во тој момент потребно им е засолниште, олицетворено во личноста која ја сакаат.
Со оглед дека имаат истенчен мирис за авантура, слично е и кога станува збор за нивната сродна душа. Во состојба се веднаш да ја препознаат и да симнат ѕвезди од небото додека не ја освојат личноста.
А каква е личноста, која тие ќе ја сакаат подолго покрај себе? Забавни, духовити, авантуристи и пред се подготвени да им дадат потребен простор, затоа што Стрелците не трпат душење и преголема посесивност.
Меѓутоа, колку и да се трудат, навистина им е тешко од корен да променат многу свои навики, па на личноста која е со нив навистина ќе и требаат челични нерви.
Се на се, кога ќе дојде се на свое место, Стрелците стануваат партнери кои треба да ги посакате.