Мажите со брада се попривлечни, но тоа е опасно по нивното здравје

Сподели со своите пријатели

Научниците откриле дека во брадите на мажите се наоѓаат многу бактерии. Половина од нив се опасни по здравјето на луѓето и ги има повеќе отколку во крзно од кучиња.

Loading...

Со ова истражување, научниците сакаа да го утврдат колкав е ризикот луѓето да се заразат од некое кучешко заболување. Истражувањето е направено преку апарат за магнетна резонанца, што ја користеле и ветеринарите.

За студијата објавена во списанието European Radiology, научниците во неколку европски болници анализирале примероци од кожа и плунка од 18 мажи со брада, на возраст од 18 до 76 години и примероци од крзно и плунка од 30 кучиња, од шнауцер до германски овчар.

„Пронајдоа значително повисоки нивоа на бактерии кај примероците од машка брада отколку кај кучешкото крзно“, рече професорот Андреас Гуцит од швајцарската клиника Хирсладен.

Тестирањето откри дека висок процент на микроби е откриен во брадите на сите мажи, а подеднакво висок процент е пронајден кај 23 од 30 кучиња вклучени во студијата.

Image by Pexels from Pixabay

Најмалку кај седум мажи биле пронајдени микроби кои претставуваат сериозна закана за здравјето на луѓето.

Loading...

Станувало збор за enterococcus faecalisu, цревна бактерија која најчесто предизвикува инфекции на уринарниот тракт кај луѓето и неколку случаи на staphylococcus aureusa, бактерија која најчесто се наоѓа во кожата или мукозните мембрани од околу 50 проценти од луѓето, но може да предизвика сериозни инфекции доколку се најдат во крвотокот.

Интересно е и тоа што МРИ снимките, откако биле користени од кучиња, имало значително помалку бактерии отколку по користење од луѓето.

Истражувачите спроведоа тестирање на кучиња донесени до нивните сопственици за рутинско сликање на магнетна резонанца во обид да детектираат потенцијални нарушувања на мозокот или ‘рбетот.

Со оглед на тоа што МИР скенерите се премногу скапи за повеќето ветеринарни клиники, тестовите биле спроведени на одделот за радиологија на една европска болница која извршува околу 8.000 скенира секоја година.

И покрај големиот број бактерии кои се наоѓаат кај брадата на мажите, научниците велат дека студијата не сакала да им порачаат на нивните сопственици веднаш да се бричат, но имаат за цел да ги предупредат болниците дека пациентите оставаат далеку попотенцијално заразни бактерии на различни болнички површини и дека нивната стерилизација и дезинфекција не се доволни за да се реши овој проблем.

Треба да се фокусира на клучна точка на студијата – недостатоци во болничката хигиена, што може да ги доведе пациентите во ризик.1

„Централното прашање што треба да се постави тука не е„ дали на кучињата треба да им се овозможи да имаат МНР снимање во болничко опкружување“, туку треба да се фокусираат на знаењето и перцепцијата на хигиената и да разберат што навистина претставува опасност за пациентите“, велат авторите на студијата.

Leave a Reply