Журналот за социјална психологија ги објави резултатите од студијата во која се споредуваат половите во контекст на заљубувањето.
Според резултатите, на мажите им треба помалку време да ѝ кажат на партнерката колку ја сакаат.
Тоа ќе го направат за 88 дена, додека на жените им требаат 134.
Зошто?
Авторката на истражувањето Мариса Харис истакна дека припадничките на понежниот пол имаат различни потсвесни биолошки стандарди, врз основа на кои бараат соодветен партнер и татко на своите деца.
Истата причина е и параметарот врз основа на кој е утврдено дека жените повеќе уживаат во сексот кога се емотивно поврзани со партнерот.
„Верувам дека жените потсвесно ја одложуваат љубовта и можат да изгубат многу во однос на репродукцијата доколку се посветат на погрешен маж“, вели Мариса Харис, авторка на студијата.
Често се случува жените да се исплашат ако веднаш физички им се допадне маж.
Потоа имаат тенденција да мислат дека можеби биле привлечени од нивната фантазија и чувствуваат дека треба да бидат претпазливи.