Египјанката Шереин Абделхади пред неколку дена се пофали со извонреден резултат, успешно подигна 192 килограми тегови од таканареченото мртво кревање, но она што го прави посебно нејзиното видео се реакциите на мажите во теретана кои ја гледаа.
Loading...
Момчињата биле изненадени , па самата хероина на шега напишала дека нејзиното видео изобилува со емоции. Абделхади е специјалист по физикална медицина, има 25 години, а работи и како личен тренер.
Корисниците на ТикТок ја пофалија во коментарите, а некои дури им рекоа на „тивките сведоци“ да не ја судат книгата според нејзината корица.
Инаку, светскиот рекорд за жени во кревање мртво е 288,5 килограми, а го постави Тамара Волкот.
Loading...
@shereinabdelhady