За три години, Мија Дан, 22-годишна Британка, се претвори во модел, или како што ја нарекуваа на социјалните мрежи, „риба“. Оваа девојка која тежеше 144 килограми, буквално се преполови.
За три години, ослабе 76 килограми. „Од девојка што не ја сакавте, станав девојка што не можете да ја имате“, вели Мија во краткото видео кое покажува како изгледала порано, и како изгледа сега.
Оваа девојка докажува дека да се биде здрав не мора да значи дека треба да јадете „здодевна“ храна, може да си дозволите пици и слатки, а често грицка колачиња помеѓу оброците.
Појадокот е обично околу 11 часот и се состои од јајца на тост или дури и крцкава сланина, со чај и малку чоколадо.
Ручекот е исто така разновиден – од огромен сендвич со пилешко и салата, пакет гриз или тестенини со ракчиња.
На прашањето како успеала да ослаби и покрај таквата храна, Мија вели дека драстично ги намалила порциите. Покрај тоа, таа започна редовно да вежба, што сепак и помага да одржува витка фигура.
Погледнете сами, трансформацијата е неверојатна!
@miasophdunn😈 ##weightloss ##weightlosstransformation ##cinderellamovie♬ Super Mario Smash Remix shaeotmusic – 𝙊𝙖𝙠𝙡𝙚𝙚 > 😮💨