Претставниците на посилниот пол ја менуваат фризурата само три пати во животот, покажува истражување според кое жените ја менуваат фризурата најмалку четири пати во годината.
Просечниот маж менува нешто во фризурата на секои шест години, половина од жените го прават тоа неколку пати во годината. Секоја шеста жена прави нова фризура четири пати во годината, што значи дека до 35-роденден може да ја смени над 100 пати формата или бојата на косата.
Во истражувањето учествуваle 1000 мажи и жени од Манчестер. Тоа покажalo и кои се причините или што ги поттикнува двата пола да го менувааат изгледот.
36% од мажите велат дека надворешниот изглед станува здодевен, 12 проценти го прават тоа поради губење на косата, а 15% поради мода. Само 12% велат дека ја смениле фризурата за да наликуваат на нивната омилена ѕвезда.
За разлика од нив 45% од жените оделе на фризер за да ја копираат фризурата на нивната омилена, славна личност.