Можеби ќе ве изненади одговорот на прашањето дали дамите би избрале добар или убав маж за врска. Згодните мажи се привлечни, но истражувањата покажуваат дека алтруизмот или љубезноста се најважната особина за жените кои бараат врска.
Исто така, податоците укажуваат дека алтруистичните мажи, во просек, имаат повеќе секс, пренесува 24sata.hr.
Истражувачите ги прашале невенчаните Канаѓани до кој степен прават добри дела како што се помагање на другите и давање во добротворни цели. После тоа тие одговарале на прашања за бројот на партнери и колку често водат љубов.
Мажите кои правеле повеќе добри дела имале и повеќе партнерки и почесто имале врски. Од оние кои биле во врска, „добрите“ мажи имале повеќе секс во последните 30 дена од оние помалку алтруистичките.
Друго истражување, објавено во списанието Evolutionary Psychology, опфатило 202 жени. Им биле понудени слики и описи на различни мажи. Некои беа многу привлечни, додека други беа претставени како добронамерни и подготвени да помогнат.
Жените би избрале себични и атрактивни мажи за кратка авантура, додека за долготрајна врска сепак би избрале мажи алтруисти, без разлика на привлечноста.
Слични резултати имаше и малку постара студија, објавена во The Journal of Social Psychology.
Податоците покажале дека жените го ценат алтруизмот повеќе од другите особини како мерка за тоа дали потенцијалниот партнер би бил добар родител.
Жените изјавиле дека алтруизмот е важен дури и во краткотрајните врски, но многу поголем процент од дамите веруваат дека алтруизмот е исклучително важен за сериозни врски и брак.