Повеќето врски сега започнуваат преку пораки испратени преку мобилен телефон.
Страниците за запознавање стануваат сè попопуларни меѓу луѓето кои немаат партнери. Но, неодамнешното истражување покажа дека повеќето жени не сакаат да го направат првиот чекор затоа што се плашат од одбивање, па мажите почесто го прават тоа.
Во истражувањето учествувале дами од сите возрасни групи, а според резултатите, тие први испраќале порака три или четири пати, а посилниот пол тоа го правел во просек девет до 15 пати.
Жените се држат до традицијата, очекуваат многу.
Психотерапевтот и уредничка на онлајн магазинот Live Happy, Стејси Казер вели дека многу жени сè уште се држат до традицијата и веруваат дека спротивниот пол треба да иницира врска. Студијата покажа дека шансите се на страната на храбрите дами, бидејќи ако тие се осмелат прво да испратат порака, во 30% од случаите, ќе следи разговор.
Стејси ги советува да бидат лежерни кога ќе започнат врска и да не очекуваат премногу: – Ако сакате да јадете нешто набрзина или да испиете краток пијалок со маж, немојте веднаш тоа да го нарекувате состанок.