Маж во САД се заканувал дека ќе ја убие Камала Харис. Уапсен е!

Сподели со своите пријатели

Маж од Вирџинија во САД е уапсен и обвинет за упатување смртни закани кон потпретседателката и демократска претседателска кандидатка Камала Харис.

Loading...

Френк Лусио Карило упати повеќе закани кон Харис, претседателот Џо Бајден и директорот на ФБИ Кристофер Вреј на десничарската платформа за социјални медиуми Гетр.

Ѝ се заканувал на Камала Харис со смрт и имал исламофобични постови

ФБИ пронашол 4.359 објави на Карило кои „таргетирале различни јавни службеници“, вклучувајќи ја и Харис.

Во неколку објави, Карило, наводно, се заканил дека ќе ѝ ги „извади очите“ на Камала Харис и опишал различни начини на кои сакал да ја убие потпретседателката.

Карило исто така ја нарекол Харис „курва“ и реол дека се надева дека „ќе умре во агонија“.

На Карило му бил пронајден и исламофобичен пост од 2023 година кога напишал дека луѓето треба „да излезат со пиштоли и да ги убијат сите муслимани“.

Кога агентите на ФБИ првпат пристигнале во домот на Карило за објавите на социјалните мрежи, Кариљо ги прашал дали се таму „за работи на интернет“ и признал дека тој самиот ги објавил заканите и навредите.

Во неговата куќа нашле и две огнени оружја, а сега ќе следи рочиште на кое ќе се одлучува дали Кариљо ќе остане зад решетки.

Loading...