Маж украл авион од хангар, па прелетал 160 километри

Сподели со своите пријатели

Маж од Ајдахо е уапсен откако украл авион од хангар во Северен Лас Вегас, го одлетал до аеродромот во Калифорнија оддалечен повеќе од 160 километри и потоа побегнал во пустината.

Loading...

Човекот, кој моментално е во притвор во округот Сан Бернадино, се соочува со обвиненија за киднапирање на авион и кражба на имот со трансфер во друга држава, објави АП.

Тој потенцијално се соочува со повеќе обвиненија во Невада, објави КСНВ-ТВ.

Официјални лица во Северен Лас Вегас изјавија дека уапсениот може да стои зад обидите за кражби три дена пред апсењето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавена застрашувачка снимка од Шведска: На неа се слуша што вели убиецот додека ги убива жртвите

Авионот што тој го украл е проценет на 80.000 долари, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Сан Бернандино.