Маж уби 27 луѓе во црква во Тексас (видео)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 27 луѓе загинаа денеска кога напаѓач отвори оган во една црква во американската сојузна држава Тексас, јавува британската телевизиска мрежа ВВС.

Нападот се случил во баптистичка црква во местото Сандерленд Спрингс во округот Вилсон, околу 50 километри од градот Сан Антонио.

 

Loading...

 

Полицијата е на лице место и потврдува дека 27 лица страдале и над 20 се повредени.

Американската телевизија ABC пренесува дека напаѓачот влегол во црквата за време на неделната миса и дека во пукањето бил убиен. Засега не е познат мотивот за нападот.

Според наводите на очевидците, во црквата имало околу 50 верници.

https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/2026608290894741/