Маж сурфаше со питон и доби казна од 1.400 евра (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Властите во Австралија кои се занимаваат со заштита на дивите животни казниле маж кој се снимал како сурфа со змија домашно милениче, пишува New York Post.

Loading...

 

 

Хигор Фиуза и неговиот питон Шива неодамна станаа познати откако на социјалните мрежи стана популарно видео на кое тие „сурфаат“.

Неволјата почнала кога го виделе видеото од здружението за заштита на диви животни. Велат мажот ја загрозил змијата и ја прекршил дозволата за чување.

 

Loading...

 

Фиуз е казнет со 1.500 американски долари.

– Изнесувањето на дивите животни во јавноста им предизвикува дополнителен стрес, поради што може да се однесуваат непредвидливо. Змиите се ладнокрвни животни и, иако знаат да пливаат, влекачите генерално избегнуваат вода. Единствените змии што треба да се наоѓаат во океанот се морските змии – изјави офицерот за заштита на дивиот свет Џонатан Мекдоналд во соопштението за печатот.

 

 

Фиуза претходно изјави за локалните медиуми дека питонот Шива ја сака водата и дека сурфал со него најмалку 10 пати.

– Секогаш ја носам Шива на плажа, таа сака да плива, па ја однесов и на сурфање. Кога нешто не и се допаѓа, покажува, но сака вода – изјави Фиуза за австралиската телевизија.

Loading...