Маж претепан во кинескиот конзулат во Британија. Министерство: Тоа е неприфатливо!

Сподели со своите пријатели

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли смета дека тепањето на демонстрантите во кинескиот конзулат е неприфатливо и дека владата размислува за понатамошни чекори.

Loading...

Инцидентот се случи во неделата на протестот против кинескиот претседател Си Џинпинг во Манчестер.

Британија го повика кинескиот вршител на должноста во Лондон за да објасни што се случило.

„Тоа беше неприфатливо“, рече Клеверли, додавајќи дека протестите биле мирни и легални.

„Тие беа на британско тло и ваквото однесување е апсолутно неприфатливо“, додаде тој.

Протестот, на кој присуствуваа 30 до 40 луѓе, вклучително и граѓани на Хонг Конг, кои сега живеат во Велика Британија, се одржа на почетокот на петгодишниот конгрес на владејачката Комунистичка партија на Кина во Пекинг, каде што се очекува Си да добие трет мандат како шеф на Кина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илон Маск или како имигрант од Јужна Африка го освои Вашингтон?

Полицијата истражува што се случило

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи изјави во Пекинг дека вознемирувачки елементи илегално влегле во просториите на конзулатот и ја загрозиле неговата безбедност.

„Дипломатските институции на која било земја имаат право да ги преземат неопходните мерки за зачувување на мирот и достоинството на нивните простории“, рече портпаролот.

Loading...

Полицијата во Манчестер соопшти дека истражува што се случило на протестот во неделата, со снимка на која се гледа како маж облечен во црна капа и коса во опавче е влечен на земјата на конзулатот, каде што пет мажи го удирале додека лежел на земја.

„Мала група мажи ја напушти зградата, а еден маж беше одвлечен во дворот на конзулатот и нападнат“, се вели во соопштението на полицијата. Маж на околу 30 години се здобил со повреди и бара болничко лекување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  4.000 рудари заробени во рудник: Властите негираат одговорност за нив, а тие останаа без храна и вода

„Моето разбирање е дека полицијата на Манчестер ќе спроведе истрага и кога ќе ги видам деталите од таа истрага, тогаш ќе одлучам што друго можеби ќе треба да направиме“, рече Клеверли.

Кинеско-британските односи се затегнати

Односите меѓу Кина и Велика Британија беа затегнати во последниве години, особено откако Пекинг усвои закон за национална безбедност во Хонг Конг, поранешна британска колонија која се врати под кинеска власт во 1997 година со ветување дека нејзините слободи ќе бидат заштитени.

Велика Британија беше многу критичма кон законот, кој го опишува како сузбивање на несогласувањето, а Пекинг го обвини Лондон за мешање и предизвикување проблеми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден ќе се сретне со кинескиот претседател

Тензиите се засилени со британската програма која им овозможува на речиси три милиони луѓе во Хонг Конг да аплицираат за британски визи и одлуката на Кина да воведе санкции за некои британски пратеници во владејачката Конзервативна партија за ширење наводни лаги за кршење на човековите права во далечниот запад на Кина, во регионот Ксинџијанг.

 

https://youtu.be/-DjRJQB3X9U

Loading...