Маж ја изгубил бурмата додека бил на одмор, сега една риба гордо ја носи (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Жена нуркач успеа да пронајде исчезнат венчален прстен вреден 1.000 долари, кој младоженецот го изгубил пред пет месеци во Австралија, откако забележала парче накит околу вратот на рибата.

Loading...

Сузи Квинтал и нејзиниот сопруг Нејтан Ривс, кои живеат на Голд Коуст, за време на Божиќ го посетиле семејството на островот Норфолк, оддалечено околу 1.600 километри од Сиднеј.

 

 

Меѓутоа, додека Ривс пливал, тој одеднаш забележал дека му недостасува прстенот.

Сите надежи дека прстенот некогаш ќе се најде исчезнале, сè до викендов, кога локалната Сузан Приор го забележала исчезнатиот прстен околу телото на рибата, пренесува Дејли Меил.

Сузан изјави дека слушнала како парот ја изгубил бурмата на почетокот на оваа година, по што успеала да ги најде на Фејсбук.

Loading...

 

 

Како што рече, го забележала прстенот околу вратот на рибата, но додала дека не е ништо чудно и дека честопати гледа други риби заплеткани во пластични прстени.

Сепак, гледајќи ја рибата околу која има метален предмет, Сузан била загрижена.

– Металот може да се отстрани само ако рибата биде фатена во мрежата и нежно извадена од неа – рече таа.

 

 

Loading...

Yesterday I saw one of the two mullet that have rings around them. These fish snuffle through the sand to get their…

Posted by Norfolk Island Time on Sunday, May 9, 2021

Според неа, рибата засега изгледа добро, но како што расте, прстенот ќе почне да ја сече.

Локалните жители на островот сега се обидуваат да ја пронајдат рибата и да го отстранат прстенот од неа.

Двојката сè уште не може да го посети островот и едвај чекаат да го вратат прстенот.

Leave a Reply