Поради интензивни врнежи од снег од вчеравечер од 23:10 частот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, информираат утринава од Автомото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража.Дожд врне во Mакедонски Брод, Дебар, Кичево и на планинските превои Буково и Пресека.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ДГТ ЖИКОЛ ДООЕЛ Струмица известува дека поради рехабилитација на мост број 3 на регионалниот пат P1103, делница Лакавица-Неготино, почнувајќи од 01.02.2021 година се забранува движење на сите видови на возила, односно целосно ќе се затвори сообраќајот на овој патен правец со времетраење од 5 (пет) месеци.
Поради изведување работи на пат на магистралниот пат А2 Струга – г.п. Ќафасан (од бензиска пумпа ОКТА до влез во с.Радолишта) брзината е ограничена на 40км/ч. На местото на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Никола Ивановски