Вкупно 1.412 ученици од завршните години на средното образование денес го полагаа вториот предмет од екстерното тестирање. Распоредите на предметите кои ги полагаат учениците пред три дена беа јавно објавени.
Сите тестирања во петте средни училишта во Куманово денес се одвиваа без проблеми. Тестирањето беше рполонгирано поради продолжениот зимски распуст поради грипот кој демнеше и претставуваше закана за енормно ширење со почетокот на второто полугоедие.
Прелиминарните резултати од екстерната проверка на знаењето на учениците, како што информираат од Државниот испитен центар ќе бидат познати на 7ми февруари по што ќе следува и рок за поднесување на претставки.