Матичните лекари утре ќе протестираат, нема да издаваат рецепти

Сподели со своите пријатели

Матичните лекари утре нема да издаваат рецепти или упати преку „Мој термин“ во знак на протест, а ќе ги примаат само итните случаи.

Нивните барања меѓу другото се основен пакет на услуги за пациентите, зголемување на капитацијата, но и бараат да нема казни за матичните лекари поради административни пропусти во пандемијата.

Од Здружението велат дека ќе се предложи плаќање на 50 денари за прв влез во месецот, а остантите прегледи да не ги плаќа апциентот, односно воведување на минимална партиципација.

За утре попладне е акажана средба од заменикот-министерот за здравство.