Масовно труење со храна на свадба во Азербејџан: Над 40 луѓе во болница!

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 40 лица кои учествувале на свадбена церемонија во градот Акстафа во западен Азербејџан се хоспитализирани со дијагноза на труење, јавува прес-службата на Републичката агенција за безбедност на храна (АФСА).

Loading...

Според соопштението, жителите на неколку села во областа Акстафа консумирале оброци подготвени дома без да ги почитуваат соодветните температурни услови, пренесува РИА Новости.

„Од овие садови се земени мостри за понатамошна лабораториска анализа“, се наведува во соопштението.