Најмалку 11 лица се повредени во масовно пукање во неделата вечерта во Литл Ривер во американската држава Јужна Каролина.
Нападот се случил околу 21:30 часот. локално време, без детали за можен мотив или осомничени, според соопштението од Полициската управа на округот Хори.
Жртвите се префрлени во локалните болници, а бројот на повредени може да се зголеми, соопшти полицијата, пренесува АА.
Властите потврдија дека истрагата е во тек и ги повикаа жителите да ја избегнуваат областа додека детективите продолжуваат да собираат докази.
Литл Ривер, крајбрежен град северно од Миртл Бич, е познат по својот ноќен живот и места за забава, објави БХРТ.
Нападот се случува во услови на растечка загриженост за насилство со оружје на популарните јавни места низ САД.