Loading...
Синоќа, руски војници извршија групен напад врз објектите на воено-индустрискиот комплекс на Украина и на Вооружените сили на Украина, соопшти денес Министерството за одбрана на Русија.
„Вечерва, Вооружените сили на Руската Федерација започнаа групен напад врз претпријатија од авијациската, ракетната, оклопната и бродоградбената индустрија на Украина во Киев“, прецизираше министерството, додавајќи дека за нападот биле користени високопрецизни оружја и беспилотни летала, пренесува РИА Новости.
Во истиот напад, повредени се четири лица, а пријавени се штети и пожари во седум од 10-те области на градот, објави Укринформ.
Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, сите повредени се хоспитализирани.