Масовни евакуации во Канада поради пожари

Сподели со своите пријатели

Западната канадска покраина Манитоба прогласи вонредна состојба поради големи шумски пожари, а на повеќе од 17.000 луѓе им е наредено да се евакуираат, соопштија властите.

Премиерот на Манитоба, Ваб Кинев, изјави дека тоа е најголемата евакуација во модерната историја на таа покраина и дека побарал помош од федералните власти и канадската војска за преместување на населението и гаснење на пожарот, пишува Гардијан, како што објави Танјуг-

„За прв пат имаме пожари во сите региони. Тоа е знак на климатски промени на кои ќе мора да се прилагодиме“, предупреди премиерот.

Најкритична е ситуацијата во малото гратче Флин Флон, каде што 5.000 жители се повикани да бидат подготвени за итна евакуација поради приближувањето на голем пожар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 100 бегалци од Судан загинаа или исчезнаа во два бродоломи во Либија

Пламените достигнаа висина од повеќе од 35 метри во некои делови од областа, а поради густиот чад и брзото ширење на пожарот, на пожарникарите им беше тешко да го изгаснат пожарот.

Евакуациите ги опфатија и оддалечените домородни заедници, а најголемиот број раселени лица ќе бидат сместени во главниот град на покраината, Винипег.

Во моментов има 22 активни пожари во покраината, додека 134 се регистрирани низ цела Канада, од кои половина се надвор од контрола.

Во последниот месец изгореа речиси 200.000 хектари шуми – три пати повеќе од просекот од претходните години.

Според локалните власти, еден пожарникар е сериозно повреден, а претходно овој месец две лица ги загубија животите во пожар во Лак ду Бонет, североисточно од Винипег.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Саудиска Арабија и Пакистан потпишаа договор: Напад врз една земја е напад врз двете

Поради подолгиот период на суво и топло време, Манитоба доживува највисоко ниво на пожарна активност во цела Канада од почетокот на годината, соопшти противпожарната служба на покраината.