Маск влегува во нов бизнис – отвора ланец ресторани Тесла

Сподели со своите пријатели

Извршниот директор на компанијата „Тесла“, Илон Маск е на чекор од отворање ланец ресторани, пренесува „Блумберг“.

Loading...

Според агенцијата Њујорк, на 27 мај „Тесла“ доставила барање до американската канцеларија за патенти и трговска марка за употреба на неговото лого „Т“ и уште две верзии на стилизираното лого „Тесла“ во прехранбената индустрија.

 

 

Сите три барања се однесуваат на примената на логото за „ресторански услуги, поп-ап ресторански услуги (сервирање храна од тезга на тркала), самопослужни ресторански услуги и услуги за храна за носење“.

„Блумберг“ потсетува дека Маск со години зборуваше за отворање ресторан во Јужна Калифорнија и дека во 2018 година тој објави на Твитер дека планира да започне услуга за продажба на храна „drive in“, како и ролер и рок – ресторан на една од супер локациите за полнење на електричните возила на Телса во Лос Анџелес.

Овој април, тој го потврди напредокот во реализацијата на таа идеја со твит: „Главната нова станица за полнење наскоро ќе пристигне во Санта Моника! Се надеваме дека ќе отвориме ресторан од 50-тите и ќе ги објавиме 100-те најдобри филмски клипови“.

Loading...

 

 

Пред тоа, тој со ентузијазам објави дека ќе има пуканки на понудата, заедно со „надворешен екран на кој ќе бидат емитувани 100-те најдобри сцени во историјата на филмот“.

Затоа, Маск има намера да им понуди „придружна содржина“ на возачите на станиците за полнење на неговиот електричен автомобил да имаат ужинка пред, за време или по полнењето на возилото и да поминат време гледајќи ги најдобрите филмски снимки од светското кино.

Братот на Маск, Кимбел е, инаку, сопственик на групата „Кичен ресторан“, која управува со ресторани во многу американски сојузни држави, вклучувајќи ги Колорадо, Илиноис и Тенеси, забележува „Блумберг“.

Leave a Reply