Маск сака да направи една функција на Твитер бесплатна за секого

Сподели со своите пријатели

Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, потврди дека услугата наскоро ќе наплаќа по осум долари месечно за верификувани профили.

Loading...

Сепак, Маск наводно планира да направи една посакувана функција достапна за сите корисници бесплатно: копче за уредување твитови.

Според извештаите, моментално се работи на оваа опција, заедно со некои други промени кои ќе бидат имплементирани во Twitter Blue.

Во моментов, копчето за измена на Twitter е достапно само за претплатниците на услугата Twitter Blue, која чини 4,99 долари месечно и е достапна само за корисниците во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд.

Маск досега јавно не зборуваше (или твитна) за потенцијалниот план за копчето „измени“ откако ја презеде контролата врз Твитер.