Маск продаде акциите на Тесла за 6,9 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Американскиот милијардер Илон Маск продаде акции на Тесла за 6,9 милијарди долари, што е најголемата продажба досега.

Loading...

Причината е за да избегне распродажба во последен момент на производителот на електрични возила, вели тој, во случај да биде принуден да го продолжи договорот за купување Твитер.

Главниот извршен директор на Тесла продаде околу 7,92 милиони акции на 5 август, според повеќе регулаторни поднесоци објавени по затворањето на берзата во Њујорк во вторникот, пишува Bloomberg.

Поради шпекулациите за причините за продажбата, Маск вечерва во серија твитови рече дека сака да спречи панична продажба на акции доколку биде принуден да го заврши преземањето на Твитер во вредност од 44 милијарди долари, од кое се откажа минатиот месец.

На прашањето на неговите следбеници на социјалната мрежа дали завршил со продажбата на акциите на „Тесла“ и дали повторно би ги купил доколку не се склучи договорот за преземање на Твитер, тој кратко одговори: „Да“.

Продажбата доаѓа само четири месеци откако Маск, најбогатиот човек на светот, изјави дека не планира да продава повеќе акции во компанијата што ја изгради во глобален лидер во електрични возила, откако претходно располагаше со акции во вредност од 8,5 милијарди долари по неговата првична понуда за купување на Твитер.

Оттогаш, акциите на „Тесла“ закрепнаа од најниските падови што ги достигнаа во мај, потпомогнати од општиот нагорен тренд на акциите на Волстрит.