Маск праша, Твитер одговори: Дали Асанж и Сноуден треба да бидат помилувани?

Сподели со своите пријатели

Милијардерот Илон Маск не изрази мислење, ниту побара, како што тоа го направија водечките американски и европски медиуми, американската влада да ги повлече обвиненијата против Џулијан Асанж, основачот на Викиликс.

Loading...

Меѓутоа, тој направи нешто друго – на својот профил објави анкета на која 80 отсто од „твитерџиите“ кои гласале одговориле потврдно.

На Твитер Маск ги праша корисниците дали треба да бидат помилувани Асанж, но и Едвард Сноуден.

Засега одговорот е „да“.

Но, тешко дека кликовите на оваа социјална мрежа ќе му помогнат на Асанж, кому му се заканува казна од 175 години затвор доколку биде екстрадиран во САД од британски затвор поради објавување на доверливи информации.

Сноуден не е зад решетки, но засолниште нашол во Русија, која му дала и пасош.

Во 2013 година, тој откри информации за методите на електронско следење на американските разузнавачки агенции, вклучително и нелегалното прислушување на странски лидери.