Извршниот директор на компанијата „SpaceX“ Илон Маск изјави дека околу 100 единици од сателитската интернет мрежа „Starlink“ сега се активни во Иран.
Loading...
„Се приближуваме до 100 активни единици во Иран“, напиша тој на Твитер, пренесе Ројтерс.
Маск во септември изјави дека ќе започне Starlinks во Иран како дел од напорите на САД за зголемување на интернет слободите на Иранците и слободниот проток на информации.
Овој сателитски систем може да им помогне на Иранците да ги заобиколат владините ограничувања за пристап до интернет и одредени социјални мрежи за време на протестите кои се присутни низ целата земја, наведува агенцијата.