Американскиот претприемач Илон Маск изјави дека катастрофалниот настап на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден на телевизиската дебата со Доналд Трамп ги зближи Американците, пренесува Спутник.
Loading...
Како што рече, свесноста за когнитивните проблеми на Бајден го обедини американскиот народ.
„За прв пат по долго време гледам и републиканците и демократите се согласуваат за нешто“, напиша Маск на социјалните мрежи.
Првата политичка дебата меѓу Бајден и поранешниот американски лидер Доналд Трамп се одржа на 28 јуни.
Како што објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори, Демократската партија е во паника по говорот на актуелниот претседател.
Претседателските избори во Америка ќе се одржат на 5 ноември.