Пред да стане познат претприемач и милијардер, Илон Маск бил млад човек кој студирал физика и економија на Универзитетот во Пенсилванија.
За време на периодот на студирање, од 1992 до 1997 година, тој сонувал за истражување на вселената, електрични автомобили и други технолошки достигнувања што го очекуваат човештвото во иднина.
Во тоа време, Маск верувал дека 5 работи ќе го променат светот засекогаш во наредниот период.
Тој неодамна погледна на своите предвидувања од неговата младост на подкастот во Third Row Tesla.
Интернет
Уште во 1992 година, Маск верувал дека Интернетот радикално ќе го промени човештвото.
Тој го споредил со нервниот систем и привлекол внимание на неговиот потенцијал во ширењето на човековото знаење затоа што тоа ќе им овозможи на луѓето од целиот свет да пристапат до информации од важност што биле многу тешко да се добијат дотогаш, освен ако не живеете во големите градови и не сте поврзани со најпрестижните универзитети.
Животот на другите планети
Како момче, Маск бил заљубен во научна фантастика. Особено бил импресиониран од книжевната серија „Донацијата на Исак Асимов“, што решително влијаела на неговата желба да се посвети на понатамошно истражување на вселената, па дури и да направи колонија на Марс.
Потсетуваме, на 30 мај годинава, компанијата Маск, SpaceX испрати вселенско летало со двајца американски астронаути до Меѓународната вселенска станица.
Промена во генетиката кај луѓето
„Мислам дека промената во генетиката кај луѓето ќе стане нормална во иднина. Првото нешто што луѓето ќе сакаат да го направат е да ги сменат гените кои го зголемуваат ризикот од добивање сериозни болести, а подоцна ќе сакаат да ги подобрат своите способности. Не велам дека е добро или лошо, само велам дека има големи шанси тоа да се случи во следните децении“, рекол Илон Маск во подкастот на Third Row Tesla.
Одржливи извори на енергија
Маск верувал дека наоѓањето чисти и обновливи извори на енергија е клучно за човештвото дури и пред да биде актуелна приказната за глобалното затоплување и влијанието на човекот врз климата.
Тој сфатил дека изворите на нафта, природен гас и јаглен порано или подоцна ќе бидат исцрпени, затоа треба да размислиме на време за нови извори на енергија што ќе ни помогнат да продолжиме да ги уживаме придобивките од нашата високотехнолошка цивилизација.
Вештачка интелигенција
На конференцијата посветена на вештачката интелигенција во Шангај 2019, Маск рече дека компјутерите „ќе нè надминат во секој поглед“.
Тој исто така изјави дека развојот на вештачката интелигенција ќе биде одговорен за високата невработеност на идните генерации и не ја исклучи можноста таа да биде во центарот на конфликт меѓу големите сили.