Илон Маск објави нов резултат од тест за дрога, овој пат врз основа на анализа на коса, и уште еднаш рече дека обвинувањата за неговата наводна консумација на наркотици се лажни.
„Новинарите од WSJ и New York Times бесрамно лажеа за мене. Ајде сега да ги видиме резултатите од нивниот тест за дрога. Ќе пропаднат“, напиша Маск на социјалната мрежа X, објавувајќи слика од наодите на лабораторијата.
Што покажуваат резултатите?
Резултатите покажуваат дека примерокот од неговата коса не покажал траги од ниту една од 17-те тестирани дроги, вклучувајќи кокаин, кетамин, марихуана, MDMA, фентанил и опијати. Наодот е потпишан од д-р Стивен Пашал, лиценциран лекар.
Тестот е спроведен од Лабораторијата за тестирање на дрога на Соединетите Американски Држави, а примерокот е земен на 11 јуни.
NYT и WSJ претходно тврдеа дека тој користел дроги
New York Times претходно оваа година објави дека Маск наводно земал кетамин, екстази и халуциногени печурки за време на минатогодишната изборна кампања.
Текстот е базиран на приватни пораки и интервјуа со повеќе од десет луѓе кои го познаваат или работеле со него.
„Волстрит џурнал“ минатата година објави дека Маск повремено користел дроги во минатото, што предизвика загриженост кај некои членови на одборот на директори на „Тесла“ – неговата компанија за електрични возила. Меѓу наведените супстанции беше и „Амбиен“, лек за несоница.
Маск претходно јавно призна дека повремено користи мали дози на кетамин за, како што вели, да ги контролира депресивните тенденции и да работи поефикасно.
The WSJ & New York Times fake “journalists” lied through their teeth about me.
Now let’s see their drug test results.
They will fail. pic.twitter.com/QvLRWyHbSC
— Elon Musk (@elonmusk) June 18, 2025